Водителката Опра Винфри (69) драстично го промени својот изглед откако ослабе и ја изненади светската јавност. Многумина коментираат дека таа изгледа подобро од кога било.
Опра цел живот се бореше со вишокот килограми и секогаш отворено зборуваше за тоа. Минатата година таа откри дека планира целосно да ги промени навиките во исхраната и да ја врати контролата над својот начин на живот, пишува магазинот „Хелоу“.
Во своето најтешко издание водителката имала 107 килограми, а воедно е и амбасадор на „Weight Watchers“, најдобро оценетата програма за слабеење во САД. Со нивна помош ослабела 20 килограми, во рок од 15 месеци.
„Време е за ресетирање. Го чистам фрижидерот“, рекла таа на Инстаграм на почетокот на минатата година пред да ги промовира придобивките од WW.
„Тоа ве враќа во центарот. Тоа ми помага да останам на вистинскиот пат“, додала таа.
Опра се приклучи на Weight Watchers во август 2015 година, а 15 месеци подоцна го сподели своето одушевување од успешното губење на килограмите.
„Секојдневно се трудам да правам нешто што ми овозможува да се чувствувам активна“, открила таа за магазинот„Пипл“.
ФОТО: Инстаграм