Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема намера да го менува клубот ова лето.
„Светците“ ја обезбедија рекордната 11. шампионска титула пред крајот на првенството, а она што клубот од Париз го очекува меѓу двете сезони е реновирање на тимот.
На Лионел Меси му истекува договорот и најверојатно ќе ја смени средината, а дресот на ПСЖ би можел да го пушти и Нејмар.
„Многу сум среќен во ПСЖ и мило ми е што решив да бидам дел од тој проект. Тука ќе играм следната сезона“, изјави Мбапе.
24-годишниот француски интернационалец не ја активираше опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2024/25. што ќе му овозможи да биде слободен играч во летото 2024 година.
Мбапе, кој со години е заинтересиран за Реал Мадрид, оваа сезона на 40 натпревари во сите натпреварувања постигна 38 гола со девет асистенции.