More

    Украинците го одбија најмасивниот напад врз главниот град

    spot_img

    Русија синоќа изврши нов масивен напад со беспилотни летала „Шахед-136“ врз главниот град на Украина, при што загина најмалку едно лице, соопштија локалните власти. Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ова е најголемиот ваков напад со дронови врз градот досега во војната, а една од причините поради кои Русија напаѓа е и што денес Украинците го слават денот на Киев – годишнина од основањето на градот пред 1.500 години и популарен празник.

    Кличко изјави дека еден човек загинал кога остатоци од дрон паднале во близина на бензинска пумпа, пренесува Би-Би-Си.  Само во Киев беа соборени повеќе од 40 дронови, соопштија официјални лица. Најмалку две високи згради во различни квартови од Киев биле опожарени од парчиња од дроновите.

     

     

     

     

     

     

     

    Повредена е една жена. Киевските власти, исто така, известија дека магацините во јужниот кварт Холосијевски се запалени. Имаше извештаи и за експлозии во градот Житомир, западно од Киев.

    „Вкупно, Русија лансираше рекордни 54 таканаречени камикази беспилотни летала на украински цели, од кои 52 беа соборени“, објавија украинските воздухопловни сили.

    Оваа информација не е независно потврдена.

    Засилените напади врз Киев доаѓаат пред најавената контраофанзива на Украина. Во саботата, еден од највисоките украински безбедносни функционери изјави за Би-Би-Си дека земјата е подготвена да започне таква операција.

    Пред нападот денеска, алармите беа активирани во 12 региони на Украина, од Волин на северозапад до Дњепропетровск на југоисток. Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот на Киев ги повика жителите да „останат во засолништа“, предупредувајќи на бранови напади со беспилотни летала и „тешка“ ноќ пред нас.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img