Сè е сведено на патувањa и на покажување убавини

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Туризмот е оставен сам на себе, се гуши во проблеми кои не се решаваат со години, а помошта што ја дава државата е несоодветна и половична, оценија денеска од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора.

Според ова Здружение, проблемите произлегуваат од погрешниот пристап кон секторот како дејност за „патување“ и покажување „убавини“, наместо за комплексен сектор кој носи девизи и обединува повеќе дејности.

Податоци кои беа презентирани на денешниот брифинг за новинари од Здружението, говорат дека поради неизвесноста предизвикана од војната во Украина, за годинава, а можеби и за неколку наредни, за македонскиот туризам ќе бидат изгубени украинскиот, рускиот и полскиот пазар каде што со години се работеше да се привлечат туристи, а нема надеж дека ќе се пополнат со други бидејќи тешко оди наоѓањето нови пазари, а на веќе традиционалните пазари на кои сме присутни се бележат помал број резервации.

– Но наместо да се планира што ќе се прави и навреме да се преземат активности да не биде сè изгубено, имаме изјави од типот дека украинските, полски и руските туристи ќе ги замениме со турски, како да е тоа лесно остварливо. Бесмислица е и тврдењето дека ќе имаме 1 милион бугарски туристи. И сето тоа само да се прикаже убава слика пред народот, а туристичкиот сектор наспроти тоа тоне – реагираат од Здружението.

Оттаму велат не знаат што е поголем проблем за нив, дали намалениот број на странски туристи и актуелните случувања во Европа и во светот или она што дома се случува во туристичката дејност.

Обвинуваат дека институциите и Агенцијата за туризам изминатите години не успеваат да одговорат на очекувањата за подобри услови за работа во секторот и посебно промоцијата на земјава надвор, а парите се трошат на неуспешни проекти. Резултатот од тоа е туристички сектор и резултати коишто ги постигнува кој не може да се мери ниту со регионот.

– Лани е забележан пад од 60 отсто во однос на постигнатото во 2019 година. Но, далеку пред нас се Албанија и Црна Гора. Не само затоа што имаат море, туку затоа што таму на туризмот се гледа поинаку и се носеа мерки кои му помогнаа да се извлече од кризата – велат туристичките работници

Според нив, државата не успева да го препознае туризмот како систем и поради тоа има катастрофален пристап за решавање на проблемите и создавањето услови за негов развој.

– Советот за туризам кој е тело кое може да даде експертски предлози не работи веќе 15 месеци. Имаме Комитетот за туризам кој е формиран со официјална владина одлука уште во ноември 2020 година. Но не функционира. Агенцијата за туризам ги носи стратегиите без консултации со бизнисите и ако го праша бизнисот, не ги вградува неговите предлози. Се плашиме дека поради незаинтересираниот однос на институциите ќе имаме уште една пропадната година за туризмот која, патем, не е само прошетки и убавини туку нешто многу повеќе од тоа – реагираат од Здружението.

- Advertisement -
Ad image

Пред една година, додаваат од Здружението, понудиле 65 предлози до Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, но иако формално агенцијата го барала нивното мислење, досега не одговорила ниту вградила нешто од предложеното.

Од здружението оценија дека поради несериозниот пристап одделни проекти кои ги прави Агенцијата за туризам завршуваат како симулации на нешто што би требало да биде или е само параван да се покаже активност.

– За каков маркетинг зборуваме ако сè уште не го знаеме профилот на домашниот и на странскиот турист. Немаме таргет, а правиме промоции. Врз база на што? И кога се зборува за остварени приходи, тоа треба да е по шифра на дејност, зашто сè друго е манипулација. Хаос е и во евиденцијата. На пример, регистрирани се 90 национални ресторани, а во „Златна книга“ има 1 400, потенцираат од Здружението.

- Advertisement -
Ad image

Податоците од Министерството за економија и од Владата, говорат дека има 50 хотели помалку категоризирани во 2020 во последните две години и 47 туристички агенции со А лиценца помалку, односно од вкупно 180 хотели, сега имаме 130, а од 177 агенции имаме околу 140 со А лиценца.

Туристичките работници посочија дека нивните и бројките на институциите во однос на приходите од туризмот се различни.

– Во 2019 година приходите од труизмот беа околу 480 милиони евра, а според АППТ сега имаме 3 отсто помалку приход со 60 отсто помалку странски туристи и со 5 отсто помалку домашни туристи. Ова е нонсенс- велат од здружението.

Туристичките работници, иако не веруваат дека тоа ќе се случи, очекуваат подготовките на плановите на агенцијата за труизам за следната година да почнат уште сега за не се изгуби уште една турстичка година за земјава која, како што велат, има потенцијал кој не го користи поради слабостите што ги покажуваат одговорите за туризмот во земјата.

Share This Article