More

    Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни

    spot_img

    Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.

    На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.

    Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.

    Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството.

    „На средбата беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните. Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите американски држави во однос на локалните и глобалните предизвици“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img