Елизабета Втора се соочила со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската кралица Елизабета Втора се соочила со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година, се наведува во неодамна објавените документи на американското Федерално истражно биро, чија содржина денеска ја објави Би-би-си.

Според документите на ФБИ, заканата доаѓала од Ирската републиканска армија (ИРА).

Полицаец од Сан Франциско ги предупредил агентите на ФБИ дека маж сака да се освети за неговата ќерка, која загинала во Северна Ирска од гумен куршум.

Заканата била упатена на 4 февруари 1983 година, околу еден месец пред посетата на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија.

Заканувачат планирал да ѝ наштети на кралицата Елизабета со фрлање предмет од мостот Голден гејт врз „Кралската јахта Британија“ или да ја елиминира кралицата за време на нејзината посета на националниот парк Јосемит, се наведува во документот на ФБИ.

Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да го затвори мостот Голден гејт за пешаци додека се приближува јахтата, но, не е познато какви мерки биле преземени во Јосемит.

ФБИ не соопшти дали некој бил уапсен.

Share This Article