More

    Маргарита Цаца – Николовскa: „Дали вие имате доказ дека овој дел од народот, бугарскиот народ, овој овдека, го негира македонскиот идентитет и јазик?

    spot_img

    „Дали вие имате доказ дека овој дел од народот, бугарскиот народ, овој овдека, го негира македонскиот идентитет и јазик? Ќе ве вратам наназад, што станува со балистите, што станува со дел од народите од турското население во време кога се бореле во Крушевската република, што станува со дел од Македонците, дали кај тие граѓани немало одредено однесување со кое негирале или работеле против формирање на оваа држава? Кога се отвори тоа прашање? За 3.000 души се отвора тоа прашање. Што е опасноста од влез на Бугарите, Црногорците, Хрватите итн? Во самата Преамбула се зборува за оние вредности кои што се дел од македонската државата, но и дел од стандардите на една глобална демократија и глобално признавање на слободата на граѓаните“.

    Ова е изјавата на Маргарита Цаца – Николовска за Утрински печат, во одговор на прашањето зошто некои експерти ја одбиле поканата за учество во работната група за уставните промени, бидејќи Бугарите никогаш не биле дел од Преамбулата и од корените на историското наследство и формирањето на македонската држава и дека со нивното вметнување ќе се промени историскиот контекст кој пак е основа на негирањето на македонскиот идентитет и народ.

    Коментирајќи ги информациите кои протекуваат од членови на работната група, Цаца – Николовска тврди дека се прави само некоја збрка во целото ова опкружување.

    – Toa не е во ред, не поради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние што ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран.

    Цаца – Николовска тврди дека работната група работи само на „проширување“ на Преамбулата со други народи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img