Едно лице загина по силниот дожд што во четвртокот предизвика поројни поплави во јужниот италијански регион Кампанија.
45-годишен маж се обидувал да го спаси својот автомобил од надојдените води во градот Форино кога го удрила и го усмртила, јавува италијанската новинска агенција Анса.
Обилните врнежи почнаа во четвртокот попладне во некои делови од селата во близина на Неапол. Најпогодени подрачја се општините Форино, Целзи и Монторо, пренесува германската новинска агенција dpa.
Видеата објавени на Твитер од страна на италијанската противпожарна бригада покажуваат поплавени патишта и селски патеки по силниот дожд и град.
Минатата недела северниот италијански регион Емилија Ромања беше погоден од катастрофални поплави, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а повеќе од 20.000 останаа без покрив над главата.