Претпладне денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.
Утринските температури ќе бидат од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат од 8 до 15, a максималните во интервал од 20 до 27 степени.
Претпладне в недела ќе биде сончево со умерена облачност и со повремен краткотраен дожд. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Утринските температури ќе бидат од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 20 до 28.