More

    Вучиќ со американски сенатори: Приоритетно потпишување на ЗСО

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори Крис Марфи и Гери Питерс, при што во разговорот истакна дека сега приоритет е формирањето на Заедницата на српски општини.

    Дел од разговорот беше посветен на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а Вучиќ рече дека сега приоритет е формирањето на Заедницата на српските општини.

    Вучиќ особено истакна дека Белград од самиот почеток покажува сериозност и одговорност во процесот на дијалог и покрај постојаните провокации и бројните еднострани потези на Приштина, кои го попречуваат изнаоѓањето компромисно и одржливо решение, се вели во соопштението на Претседателството.

    Зборувајќи за актуелната геополитичка и безбедносна ситуација во светот, Вучиќ повтори дека Србија останува посветена на конзистентна политика на заштита на националните и државните интереси, како и почитување на принципите на територијален интегритет и суверенитет на државите.

    Претседателот додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот, позитивна агенда и зајакнување на регионалната соработка во сите области, особено во делот на економијата, при што Србија преку иницијативи како Отворен Балкан, постојано и упорно промовира политика ориентирана кон иднината, ставајќи фокус на заемно корисна соработка.

    Сенаторите изразија сочувство за неодамнешните трагични настани во Србија и разменија мислења за мерките што ги преземаат властите во Србија. Сенаторот Марфи покрена иницијатива за контрола на оружјето во САД по масовното пукање во училиште во државата Конектикат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img