More

    Шакира, наводно, „не е заинтересирана“ за романтична врска со Том Круз и покрај гласините за славната двојка што кружат во последните неколку недели

    spot_img

    Шакира, наводно, „не е заинтересирана“ за романтична врска со Том Круз и покрај гласините за славната двојка што кружат во последните неколку недели.

    Имено, се шпекулираше дека 46-годишната Шакира и 60-годишниот Том се во врска откако беа видени заедно на трката за Големата награда на Формула 1 во Мајами на почетокот на мај.

    Неодамна се зборуваше дека Круз е „исклучително заинтересиран за врска“ со Шакира и дека „очајнички“ сака средба со пејачката додека таа наводно е „фокусирана на семејството“ наместо да размислува за врска и со кого е во овој момент.

    Сега, пак, се тврди дека Том бил „возбуден“ кога ја запознал пејачката која објави дека минатата година се разделила од Жерар Пике.

    Магазинот „Heat“ известува дека Шакира „го молела актерот да престане да флертува со неа“, повикувајќи се на извор кој даде дополнителни коментари за нивната интеракција овој месец. Објавено е дека двете познати личности „малку“ се познаваат со години, но дека не поминале време во „опуштена средина“ се до Гран при овој месец. Истиот извор додал дека Том се однесувал „како момче“ кога ја запознал Шакира, на ист начин како што реагирал кога првпат бил со сега веќе поранешната сопруга Кејти Холмс.

    „Тој замина убеден дека треба да изградат вистинска врска“, рече изворот.

    Том наводно разговарал со пријателите за тоа, но изгледа дека Шакира не се чувствува исто. Неименуван извор рекол дека Шакира едноставно се однесувала „пријателски“ и позирала со Том една минута, а тој веднаш потоа почнал да ја опишува како својата „жена од соништата“.

    Таквата ситуација била „малку премногу“ за Шакира, која оттогаш морала да ги демантира наводите дека е во врска со Круз.

    „Таа не сака да го засрами или вознемири, но нема привлечност ниту вљубеност од нејзина страна, таа едноставно се однесуваше пријателски. Тој ѝласка, но таа не е заинтересирана“, нагласил изворот.

    Истата личност открила како славниот актер „се бори“ да ја пронајде „онаа вистинската“, додавајќи дека има највисоки стандарди и нема да се задоволи со „втората најдобра“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img