More

    Ветото за Македонија нема никаква врска со Русија

    spot_img

    Бугарија отворено ја користи стратегијата и ги собира плодовите од отстапките коишто Грција, како земја-членка на Европската Унија (ЕУ), ги издејствува наспроти Македонија којашто е земја-кандидат за членство во Унијата. Главната инспирација на Бугарија лежи во искористувањето на грчкиот модел „ние сме членка, вие не сте, па затоа ние ќе ви наметнеме наши услови“, а дури второстепено е прашањето колку е силно руското влијание во Софија за да издејствува вето за Македонија.

    Ова во разговор за Плусинфо го вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако ексминистерката Радмила Шекеринска вчера изјави дека „бугарското вето за Македонија е резултат на силното руско влијание во Бугарија“.

    ПОЛИТИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА ИМА ВО СЕКОЈА ДРЖАВА. РУСОФИЛИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА, ИМА ВО БУГАРИЈА, ИМА И ВО ГЕРМАНИЈА, ПА ДУРИ И ВО УКРАИНА. НО, КАЈ НАС, ПОЛИТИЧКАТА ПОЛАРИЗАЦИЈА КОЈАШТО ИМА ВНАТРЕШЕН КАРАКТЕР НЕ СЕ ПРЕСЛИКУВА НА ТЕМАТА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

    Антонио МилошоскиПоранешен министер за надворешни работи

    – Основната инспирација на бугарскиот политички естаблишмент за пристапот кон Македонија е дека и тоа како се исплати наметнувањето на посилната членка на ЕУ врз послабата земја-кандидат. Бугарите ја следат грчката лекција, односно одат по патот по кој долго време чекореше нашиот јужен сосед. Нашите политичари, условно кажано, овозможија таа лекција да има таков исход и сакајќи или не сакајќи ги стимулираа бугарските политичари да си го земат тоа како модел на однесување – објаснува Милошоски.

    Тој посочува дека не треба да постојат дилеми и да се бараат суштински разлики во однос на проевропската определба на релевантните политичари во Македонија, без разлика дали тие се од опозицијата или од власта.

    – Честопати, ако не и секогаш, постојат несогласувања помеѓу домашните политичари во однос на тактиката и на пристапот, но суштински разлики не постојат. Од друга страна, ако веќе ја анализираме бугарската политичка елита, тогаш постои дилема каков е пристапот на бугарскиот претседател Румен Радев и на претседателката на БСП, Корнелија Нинова, кога станува збор за прашањето Европа-Русија-Македонија. Мислам дека тука има некои сегменти коишто вредат да се анализираат и нашето Министерство за надворешни работи (МНР) треба да има направено појасна слика околу сето тоа. Политичка поларизација има во секоја држава. Русофили има во Македонија, има во Бугарија, има и во Германија, па дури и во Украина. Но, кај нас, политичката поларизација којашто има внатрешен карактер не се пресликува на темата евроинтеграции – вели Милошоски.

    Поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски смета дека изјавата на ексминистерката Радмила Шекеринска дека бугарското вето е резултат на руското влијание во Бугарија, не претставува ништо друго освен начин за политичка себепромоција.

    – Чиста глупост е дека Русија има некаква вина за бугарското вето за Македонија. Веројатно сега е модерно за сѐ да биде виновен Путин. Нецивилизациските бугарски и историски синдроми се коренот на денешното однесување на Софија кон Скопје. За нив никогаш немало Македонци и нашето влегување во Европската Унија за нив е вселенска шанса за да ги реалзираат своите фантазмагории. Не треба да очекуваме никакви промени во бугарскиот став и единствена наша можност за да се надмине сегашната ситуација е веднаш да се поништи Договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. А што се однесува на изјавата на ексминистерката за одбрана Радмила Шекеринска, таа не е ништо друго освен најобично себепромовирање. Ваквата изјава има за цел да ѝ ја врати политичката актуелност на Шекеринска, како и да ја врати од политичката темнина во којашто е фрлена – вели Никовски.

    Нецивилизациските бугарски и историски синдроми се коренот на денешното однесување на Софија кон Скопје

    Ристо НиковскиПоранешен амбасадор

    Инаку, на вчерашната панел-дискусија на Универзитетот Американ Колеџ на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“, Шекеринска рекла и дека никогаш досега не слушнала од бугарска јавна личност да рече дека на Македонија треба да ѝ биде ставено вето.

    – Бугарското вето е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија. Но, ниту еден Бугарин кој се смета за јавна личност не излегол во јавноста да каже дека на Македонија треба да ѝ биде ставено вето. Оти, вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани – истакнала Шекеринска.

    На истата таа панел-дискусија, професорот по меѓународна безбедност, Огнен Вангелов, пак, се осврнал на руското влијание во Македонија, кое според него, доаѓа по разочарувањето во земјава поради неотпочнувањето преговори со ЕУ.

    – Во земјава се оправдува руската инвазија во Украина, како што може да се види од социјалните мрежи. И последните анкети, пред инвазијата, покажаа дека во Македонија има проруско расположение, а намалена доверба во Европската Унија – изјави Вангелов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img