Почитувани,
нека е честит денешниот ден, голем државен празник, ден на Светите браќа Кирил и Методиј.
Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и култура.
Оснивачи на првата словенска азбука- Глаголица, по која се создаде и кирилското писмо кое денес го употребуваме во нашиот јазик.
Делото на Светите браќа е наша водилка во градењето на општеството.
Нивното наследство треба гордо да го чуваме и да ги почитуваме сопствениот јазик и култура.
Нека ни е за многу години и нека е вечно нивното име.
Честит празник на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, стои во честитката на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.