Во масакрот што се случи на околу стотина километри од границата меѓу САД и Мексико, загинаа десет лица, а уште девет се ранети. Страшниот напад се случил нешто по 14 часот во саботата во Сан Висенте, недалеку од градот Енсенада.
Пукањето се случило во текот на последниот ден од дводневниот рели на теренски возила, а за него, според тамошните медиуми, е одговорен локалниот нарко картел. Неколку напаѓачи излегле од најмалку две сиви комбиња вооружени со пушки и отвориле оган врз насобраните учесници кои имале собир на бензинска пумпа.
Откако биле испукани истрелите, напаѓачите повторно влегле во возилата и побегнале од местото.
Градоначалникот на Енсенада најави дека државниот обвинител ангажирал специјална работна група за да го истражи овој страшен случај.