Некогаш најбараната и најплатената манекенка во светот, Жизел Бундхен има сестра близначка Патриша, која и е најголема поддржувачка и најдобра пријателка.
На свечен настан во Мајами на кој присуствуваа многу познати личности, манекенката Жизел Бундхен (42) се појави заедно со нејзината сестра близначка Патриша.
Малкумина знаат дека Жизел има сестра близначка бидејќи ретко се појавуваат заедно на јавни настани.
Овој гала настан собра пари за пошумување во Бразил, родната земја на Жизел и Патриша.
„Ова е моја прва гала и не можев да го направам без сестра ми Пати. Ние двајца сме многу блиски, како што знаете ние сме близнаци“, изјави Жизел за магазинот People.
Покрај Патриша Жизел, таа ги има и сестрите Ракел, Грасиела, Габриела и Рафаела.