На социјалните мрежи кружат видеа од турнејата на светската ѕвезда Бијонсе, а фановите не го кријат одушевувањето од нејзиното враќање. Внимателно осмислената турнеја вклучува голем број танчари, скапа опрема и светлосни ефекти кои ги прават концертите навистина незаборавни. За да ја прослави добро завршената работа, пејачката го почести тимот по нарачка од еден од рестораните за брза храна.
Пред нејзиниот настап во Марејфилд, Шкотска, пејачката направила нарачка која вработените во ресторанот „Нандос“ ќе ја паметат долго.
Бијонсе не се потрудила да ја заштити својата приватност или да крие дека таа стои зад големата нарачка, па го искористила своето име и нарачала 110 пилешки плескавици, 90 пити и девет пилешки батаци, како и неколку вегетаријански опции за да се погрижи сите да бидат задоволни и сити. Сето тоа ја чинеше пејачката речиси 2.000 фунти!
Сепак, ова не е првпат пејачката да го избира овој синџир за брза храна бидејќи истото го направила пред десет години!
Во 2013 година, Бијонсе настапи на фестивалот „В“, а тогаш беше откриена нејзината љубов кон ресторанот „Нандос“ (Nando’s“). Таа потоа потрошила речиси 1.500 фунти во Есекс нарачувајќи слична нарачка за тимот со кој соработува.
Впечатоците околу нејзиното враќање на светската сцена се големи, бидејќи обожавателите се апсолутно маѓепсани од спектаклот што таа го приреди. На првиот концерт во Стокхолм, Џеј Зи и Блу Ајви ја следеа од првиот ред, задоволни од нејзиниот настап.
ФОТО: Инстаграм