Украинското Министерство за одбрана објави нови податоци за загубите на руската војска.
Како што велат, од почетокот на инвазијата на 24 февруари до денес, Русите изгубиле околу 16.100 војници.
Претходно, украинското Министерство за одбрана соопшти дека само вчера биле убиени 200 руски војници. Тие додадоа дека украинските сили успешно одбиле девет руски напади во четвртокот и дека украинските сили уништиле 12 руски тенкови, околу 20 единици оклопна и автомобилска опрема и 9 артилериски системи. Украина тврди дека нивните единици за противвоздушна одбрана собориле два авиони и два беспилотни летала.
Уништени се 561 руски тенк, 1.625 борбени возила, 291 артилериски систем, 115 авиони, 125 хеликоптери, 1.089 моторни возила, 5 бродови.