Колашинац ќе остане без тренер на крајот од сезоната?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Coupe de France - Round of 16 - Olympique de Marseille v Paris St Germain - Orange Velodrome, Marseille, France - February 8, 2023 Olympique de Marseille coach Igor Tudor reacts REUTERS/Eric Gaillard

Откако Марсеј беше поразен со 1:2 на гостувањето кај Лил во саботата, а Ленс го совлада Лориен со 3:1 ден подоцна, стана јасно дека избраниците на Игор Тудор ќе завршат на третото место во Лига 1.

На две кола пред крајот Марсеј има пет бода помалку од Ленс, а треба да се случи вистинско чудо доколку Марсеј го освои второто место и директен пласман во Лигата на шампионите.

Но, освен поразот, Марсеј го потресе уште една вест. Бруно Бланзат, новинар на Франс Блу Прованса – објави дека на крајот од сезоната Марсеј сигурно ќе му врачи отказ на Игор Тудор. Бланзат ја поддржа оваа вест со објаснување дека управата на клубот не може повеќе да ги толерира конфликтите на Тудор со играчите, од кои последен беше со Димитри Паје и Нуно Таварес, кои не беа ниту на клупата на гостувањето кај Лил.

Од друга страна, многу новинари кои го следат Марсеј сметаат дека Тудор ќе остане до крајот на договорот кој е со важност до летото 2024 година. Особено ако се земе предвид дека претседателот Пабло Лонгорија застана покрај Тудор на почетокот на сезоната, кога му беше најтешко.

„Гласините за отказот на Тудор не се ништо повеќе од медиумски циркус. Накратко, неодамнешните резултати на Марсеј ги фаворизираат гласините за заминување, а сезоната на Игор Тудор е отворена за критики по многу точки. Сепак, имам чувство дека Марсеј е на добар пат и би било штета ова лето да започне одново“, изјави Марван Белкацем, новинар добро упатен во случувањата во ОМ.

Share This Article