Случајот со врсничкото насилство во Врбас одекна на социјалните мрежи, а по реакцијата на фолк ѕвездата Сека Алексиќ, голем број јавни личности се јавија со желба да разубават матурска вечер на една девојка.
Медиумите објавија уште еден страшен случај на насилство од врсници. На ученичката од 8-мо одделение во ОУ „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас неодамна и „подариле“ парче жица поради ромското потекло од соучениците со зборовите: „Вашите секако собираат бакар, па ајде да придонесеме“.
Во пресрет на дипломирањето, момчето кое требало да и биде придружник, го откажало, со непримерна шега дека се плашел дека ако на пат види туѓ велосипед, ќе истрча да го украде, пренесува 021.
Се вели дека девојката на дипломирањето ќе ја придружува и класниот раководител.
Но, како што пренесува Нова.рс, можно е да ја придружува пејачката Сека Алексиќ, која на Твитер веднаш реагираше на веста за овој случај: „Еве и јас одам на матура со неа. Каде е тоа мало девојче?’
По твитот на Сека Алексиќ уште повеќе одекна приказната за девојката од Врбас и почна лавина добрина – се повеќе луѓе се подготвени да направат нешто.
Желба да и прави друштво на девојката на матурската прослава изрази и актерот Амар Мешиќ.
Стеван Пиале и јас се слушнавме и би сакале да се придружиме на церемонијата на дипломирање“, напиша Мешиќ на Твитер.
Кошаркарот Владимир Штимац се понуди да плати за матурскиот фустан.
„Видов дека Сека Алексиќ сакаше да оди на матура со девојка која беше толку бездушно понижена, срам да си таму. Еве јас ќе купам фустан и чевли за таа матура. Ве молам кажете ми го бројот“, напиша поранешниот кошаркар на Црвена звезда.
И многу други се вклучија во желбата да и ја вратат насмевката на девојката за матурската вечер, како придружба, поддршка или помош околу фустанот, шминката…
А, како што гласи еден коментар на Твитер, се чини дека „оваа приказна од ужас се претвора во нешто убаво“, а добро е да се знае дека се уште има луѓе кои „не ги затвораат прозорците“.