Ништо од амбиција, авторитет и ангажман

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска во 15 часот по локално време ќе му го врати на претседателот Румен Радев првиот мандат за формирање влада, со оглед на тоа дека не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет.

Првично ДПС и „Има таков народ“ (ИТН) најавија поддршка за експертска влада, но синоќа, според неофицијални информации, ГЕРБ и „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) разговарале за поддршка на влада со втор мандат, чиј премиер би се менувал на ротациона основа, пренесува бугарскиот портал Медиапул.

На 11 мај Марија Габриел пред ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Има таков народ“ ги претстави приоритетите на една влада на трите „А“ – амбиција, авторитет, ангажман.

Истиот ден, по состанокот на Извршното биро на партијата и раководството на пратеничката група на „БСП за Бугарија“, Корнелија Нинова соопшти дека ги прекинуваат разговорите со ГЕРБ – СДС за формирање на кабинет со првиот мандат.

– Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас – објасни таа.

На партискиот пленум во саботата беше потврдена одлуката да се гласа „против“ кабинетот „Габриел“, а на покана за втор и трет мандат во разговорите треба да се приклучат и социјалистите.

Правиме напори за излез од политичката криза во Бугарија, бидејќи без излез од политичката криза нема начин да се решат проблемите на народот и државата, а во земјата има многу кризи. Ова пред новинарите во парламентот изјави претседателот на пратеничката група на ДПС, Мустафа Карадај, пренесува БТА.

Доцна синоќа во објава на Фејсбук, лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов изјави дека ИТН ниту ќе учествува ниту ќе поддржи кабинет на ГЕРБ за прв мандат.

– Минатата недела ветив дека „Има таков народ“ ќе постапи одговорно и ќе поддржи експертски кабинет, бидејќи Бугарија има многу реални проблеми кои мора да се решат – напиша Трифонов.

- Advertisement -
Ad image

Според него, никој немал „суштински“ разговор со неговата партија.

„Никој. Ниту еден разговор не е направен. Ниту еден. Ниту за составот на кабинетот. Ниту за структурата. Ниту за стручноста на луѓето во него. Ништо. Ништо. Тоа значи само едно. Кабинетот за прв мандат не е стручен. Што е, не знам. Но, не е експертски. Ништо не сме ветиле и нема да дадеме поддршка од принцип“, напиша тој.

На почетокот на минатата недела, по состанокот на коалицискиот совет на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, националните раководства на поединечните формации во коалицијата и една пратеничка група го потврдија ставот дека не ја поддржуваат владата предложена со прв мандат.

- Advertisement -
Ad image

Првиот мандат нема да го поддржиме, почнуваме да работиме за вториот мандат, што е единствената алтернатива да не излеземе на шести избори, изјави Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената“.

Ќе започнеме консултации со сите парламентарни сили за нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот, посочи копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.

– Сметаме, објасни тој, дека ситуацијата што се создаде во последните денови ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички систем, институционален систем, не може да се нормализира без подлабока, амбициозна промена на Уставот во однос на Врховниот судски совет на Обвинителство.

Минатиот петок и Бојко Борисов и Христо Иванов зборуваа за „уставна влада“, потсетува БТА.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гледа варијанта во идејата за уставна влада. Уставна влада е исто така опција затоа што, како и промена на Уставот, потребни се најмалку 160 гласа и може да има прелетувачи на оваа тема во следните неколку дена, рече тој. Лидерот на ГЕРБ уште еднаш предупреди дека ако нема кабинет со првиот мандат, нема да има ниту буџет. Приходите во трезорот за првиот квартал ќе бидат помали за една и пол милијарда лева.

– Помеѓу 10 и 14 јуни ќе престанеме да исплаќаме плати и пензии – предупреди лидерот на ГЕРБ.

фото: МИА/БТА

Share This Article