More

    Ја фатиле со 2.400 обележани евра во џебот

    spot_img

    Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје, кривична пријава против М.С.(24) с.Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, казниво по член 357 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
    „Пријавената, вработена во Министерството за одбрана, од друго лице, исто така, вработен во Министерството за одбрана, побарала и примила поткуп во износ од 2.400 евра за да му среди да биде избран на курсот за офицери кој бил објавен во март 2023 година. По објавување на ранг листата, каде оштетеното лице не било добро рангирано, пријавената остварила контакт со него и му ветила дека може да му помогне да ги исполни условити од конкурсот, но за возврат ќе треба да ѝ ги даде парите кои наводно биле за трето лице кое ќе посредувало за неговото унапредување“, велат од МВР.

    Од полицијa додаваат дека вработената била лишена од слобода вчера во Скопје веднаш откако ги земала парите од лицето и во координација со јавен обвинител ѝ е поднесена пријавата. Од страна на судија на претходна постапка на определена ѝ е мерка 30 дена домашен притвор со забрана на комуникација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img