Германскиот бизнисмен Маркус Шон смислил план да го доведе Кристијано Роналдо во Бундеслигата и му го претставил на директорот на Баерн, Оливер Кан.
Минатата година Роналдо беше поврзуван со Баварците, но германскиот клуб се откажа, а Португалецот играше во Саудиска Ал-Наср за рекордна плата од 200 милиони евра.
Шон е голем фан на Роналдо и би сакал да го види во Бундеслигата пред да му заврши кариерата.
Може да се замисли дека плаќаме надомест за трансфер или позајмица и плата“, изјави Шон во интервју за Abendzeitung München.
Тој исто така сака една од компаниите во која инвестира да се истакне како одговорна за доведување на Роналдо. Исто така, бара дел од продажбата на дресови за да се „ограничи финансискиот ризик“. Баерн допрва треба да одговори на необичниот предлог, но се очекува тој да биде одбиен.
Договорот на Португалецот во Саудиск Арабија истекува во летото 2025 година.