По две недели почна да дише момчето кое беше во критична состојба откако беше рането во масакрот на 3 мај во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград.
– На момчето му е направена трахеотомија, продиша, свесно е, комуникативно, зборува, ја движи левата рака – изјави Министерката за зрадвство на Србија, Даница Грујчиќ за медиумите.
На момчето му беше повреден ‘рбетниот мозок. Сега тоа е префрлено во Заводот за мајки и деца за да почне да се одвикнува од респираторот.
– Не знаеме какви ќе бидат дефинитивните последици. Тој има свое дишење, но сепак мора да биде поддржан од респиратор. Бидејќи е дете, мислам дека е добра одлука да се префрли во Институтот за мајки и деца и полека да се одвикне од респираторот таму. Во моментов не е во животна опасност, но е состојба која може да се искомплицира. Секоја повреда од огнено оружје, никогаш не можете да бидете сигурни дека ќе заврши добро, дури и по недели и месеци може да се искомплицира. Важно е секој да покажува знаци на закрепнување – вели Грујчиќ.
– Рано е да се зборува за дефинитивни последици, ги очекува долго закрепнување. Луѓето почнаа да собираат пари за бионичка рака за малото девојче, но тоа нема да биде потребно. Сѐ уште е рано да се каже, раната треба целосно да зарасне, па ќе се оценува дали е кандидат за тоа или не. Доколку има кандидат ќе се обезбеди. Луѓето можат да соберат пари за тоа девојче или семејство, а ако е потребна протеза, здравствениот систем ќе ја обезбеди – заклучи министерката.
Таа рече дека од останатите пациенти само еден е на интензивна нега и дека дише самостојно. Меѓу другите повредени има и човекот со повреда на ‘рбетот и деца кои имале градна дренажа.