More

    Папараците два часа ги бркале Хари и Меган во Њујорк, предизвикувајќи неколку несреќи

    spot_img

    Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка биле вклучени во „катастрофална бркотница со автомобил“ со папараците, изјави портпаролот на двојката.

    Како што објави Ројтерс, инцидентот се случил откако Хари и Меган присуствувале на церемонијата на доделување во Њујорк во вторникот.„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни судири во кои учествуваа други возачи, пешаци, како и двајца полицајци“, рече портпаролот на Хари во соопштението.

    Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, можете да ги видите Хари, Меган и нејзината мајка Дорија Рагланд во такси.

    „Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во катастрофална бркотница со автомобил поради многу агресивните папарацо фотографи“, додаде портпаролот.

    Да потсетиме дека Хари и Меган се откажаа од кралските должности во 2020 година и се преселија во САД. Принцот често во јавноста зборува за агресивноста на медиумите, кои ги обвинува за смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз бегајќи од папараците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img