More

    Баерн го претстави новиот домашен дрес: Црвената боја повеќе не преовладува (ВИДЕО)

    spot_img

    Баерн го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2023/2024. на кои преовладува белата боја со црвените ракави. Со ова Баварците му оддадоа почит на тимот од 1965 година кој избори пласман во Бундеслигата.

    Од внатрешната страна на јаката стои натписот „Црвено-бело за живот“, а на задната страна натпис „Mia san mia“. Задниот дел на дресовите е украсен со нов натпис на ФК Баерн, како и нов изглед на бројот на играчи.

    Навивачите се поделени околу изгледот на новиот дрес, некои се задоволни, а некои тврдат дека првиот дрес треба да биде црвен, а не бел:

    „Ова е сигурно гостинскиот дрес“, напиша еден навивач, додека друг додаде дека црвената боја треба да преовладува на домашниот дрес.

    Премиерата на новиот дрес ќе биде на натпреварот помеѓу Баерн и Лајпциг кој ќе се одигра оваа сабота на 20 мај на Алијанц Арената. До крајот на првенството остануваат уште две кола, а баварскиот тим е на првото место на првенствената табела со бод повеќе од Борусија Дортмунд.

    По домашниот меч против Лајпциг, во последното коло Баерн мора да гостува во Келн, кој моментално е на 10. место во Бундеслигата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img