Утрово, во скопски Сингелиќ и Арачиново вриело од полиција.
Како што соопштиле од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Курир, денеска се претресувале домови на повеќе локации, а во акцијата биле вклучени и специјалци.
Неофицијално, приведени се околу 20 лица, а акцијата била во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.
– Извршена беше голема полициска акција во скопско Арачиново и Сингелиќ, а претреси беа извршени во повеќе домови. До крајот на денот ќе испратиме детално соопштение за акцијата – велат од МВР.