Од Фондот за здравство велат дека се прави модернизација на серверите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, а причина што одново не функционираат делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат.

– Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна – вели Лилија Чолакова – Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради хакерки напад, туку поради модернизација на серверите.

– Во периодов се прави миграција и модернизација на серверската инфраструктура така што се јавуваат одредени тешкотии во работата – велат од Фондот.

На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници.

Share This Article