Милошоски вели дека со европско знаменце се покрива досега највисоката корупција

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери е единствен и тој значи дека овој пратенички состав Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет да отвори или менува Устав без да има потврда за тоа и понуда на решение на избори за што се изјасниле граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по средбата со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Германија за Западен Балкан.

– Втората тема која што ја отворивме е дека е болен парадокс во време кога се разговара на политички теми поврзани со Европската Унија, истовремено во истата соба да имате седница на Комисијата за европски прашања каде се употребува европското знаменце за да се покрие досега можеби највисоката корупција на тајниот документ којшто го потпишале Артан Груби и Димитар Ковачевски за таканаречените делови од коридори. Друго што беше споменато е дека ги споделивме бројките кои велат дека 85 проценти од македонскиот народ е против ваквото наметнато уценување и барање за промена на Уставот – рече Милошоски.

Тој информира дека на Сарацин му посочил оти сериозни невладини граѓански организации што се занимаваат со европските интеграции подолго време укажуваат на тоа дека нивната проценка е дека ова нема да биде ниту прво, ниту последно барање или уцена од Бугарија и дека затоа треба претпазливо да се пристапи кон оваа непромислена преземена одлука за да не се соочиме со втора, трета или четврта блокада, уцени кои што ќе доаѓаат на сметка на некакви историски прашања.

Германската делегација соопштила дека го има истиот став како и евроамбасадорот Дејвид Гир за злоупотребата на европското знаменце.

– Тоа значи дека се против злоупотребата на европското знаменце за закони кои немаат допирна точка со европското законодавство – појасни Милошовски.

Во однос на доставениот допис до Европската комисија, кој се однесува на употребата на европското знаменце, Милошоски информира дека е доставен до членовите на Комисијата, како и до известителот во Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук.

– Да, има реакции, она што го знаеме е дека во рамките на Комисијата за надворешна политика ова е примено и дистрибуирано до членовите на комисијата во Европскиот Парламент и исто така дописот го има разгледано и известителот во Европскиот парламент за Македонија – рече Милошоски.

Share This Article