Катастар ја праша Арсовска дали го изгубила компасот

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денеска се обрати со соопштение откако неколку пати беше посочен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска како виновник за проблемите со наплатата на данокот на имот во метрополата.

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

Градоначалничката на град Скопје, во серија јавни настапи, бара оправдување за состојбата во која го доведе градот, спомнувајќи ја Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за еден од клучните фактори за ненаплатените даноци. Според неа, за над 75% ненаплатен данок, од вкупниот број граѓани кои поседуваат имот на територијата на Град Скопје е виновна АКН.

Агенцијата за катастар на недвижности информира дека наводите на градоначалничката, оти во повеќе наврати побарала од АКН податоци и добила повеќе различни одговори, по што заклучила дека Агенцијата не сака да ги даде податоците, едноставно не се точни! Уште помалку дека таа тоа го барала цели 12 месеци. За тоа дека Агенцијата за катастар на недвижности дала пресметка во некаков износ кој поминува над 2 милиони евра, не станува збор, тоа се шпекулации за кои нема да навлегуваме во расправа. Град Скопје нема побарано, ниту добиено, пресметка од страна на АКН, ниту пак информација колку би чинела вкупната сума на бараните податоци. Затоа, сумата со која градоначалничката манипулира е чиста дезинформација, поттикнување незадоволство и прикривање на сопствените слабости.

Арсовска, официјално и службено се нема обратено до Агенцијата за катастар на недвижности. Барање во архивата на институцијата не постои. Она што таа го побарала, во улога на претседател на ЗЕЛС е адресирано до Владата на Република Северна Македонија во февруари 2022 година и Агенцијата за катастар на недвижности има одговорено на тоа барање.

Во деталниот одговор од наша страна, наведуваме и дека ЗЕЛС не постапува по дадените законски обврски во однос на: Регистарот на просторни единици за која не се доставува соодветна урбанистичко – планска документација; потоа, за Графичкиот регистар на градежно земјиште, иако АКН побара корисниците кои пристапуваат до Регистарот да се ажурираат, тоа не е направено и може да доведе до проблеми во постапката на донесување на планската документација. И на крај, за Графичкиот регистар на улици и куќни броеви не се почитуваат одредбите од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти. Госпоѓата градоначалник е должна одговори зошто не постапува според позитивните законски прописи и обврските на Град Скопје.

Согласно Законот за локална самоуправа, се уредуваат надлежностите и финансирањето на општината, точно е наведено дека општините се финансираат и од сопствени извори на приходи со наплата на локалните даноци и надоместоци и такси утврдени со закон. Исто така и Агенцијата за катастар на недвижности има дел кој го остварува преку самофинансирање и наплаќање на изготвени податоци. Развојот на системите, за подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди АКН, овозможување и размена на високо квалитетни и ажурни дигитални податоци и сервиси на национално и регионално ниво, Агенцијата го финансира од средствата од сопствени приходи.

За да излезе во пресрет на потребите на локалната самоуправа, Владата на Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за катастар на недвижности ги намалија цените по индикација за недвижност на 20 денари по податок за секоја недвижност. Што во проценти изнесува 60% намалување на сумата која се наплаќа за овие податоци. Не се работи за никаков попуст, туку за одлука зад која стојат Владата и Агенцијата за катастар на недвижности. Простата математика е лесно да се направи за вкупно 416.677 парцели и делови од згради чија цена по индикација е 20 денари. Или, сите 51.209 имотни листови општината може да ги добие за 210 денари по примерок. Затоа, ја упатуваме градоначалничката Арсовска да избере еден од начините и да направи нови пресметки.
Покрај тоа што Град Скопје има пристап до Графичкиот регистар на улици и куќни броеви и до дистрибутивниот геопортал, Град Скопје има пристап и до база со податоци еКат, со договор од 2018 година.

Ова значи дека Град Скопје ги има сите потребни информации!

- Advertisement -
Ad image

Секое непознавање на проблематиката, води кон дезинформирање. Ако градоначалничката не ги познава добро работите, требала прво да се консултира со службите кои работат за неа.

Сепак, Град Скопје се одлучил да добие „список“ на готово, а уште повеќе да ја бара вината не кај себе, туку кај сите други. Дали госпоѓата градоначалничка го има изгубено компасот, или едноставно за незадоволството на граѓаните од нејзината работа сака да бара други виновници?

За да бидат запишани со своите имоти во катастар, граѓаните прво треба да ги поминат сите потребни инстанци во службите на Град Скопје, да го платат данокот, а дури потоа се впишуваат податоците во јавната книга – катастар. Лесно е да се направи потребниот список на даночни должници. Со донесување на решението за данок, градот веќе се стекнал со потребните податоци. Затоа, градоначалничката не треба да напаѓа други, треба да работи. Како да се сфати дел од говорот на градоначалничката на медиум дека: „75% од оние што ги има во системот на Катастарот не се во нашите системи“? Можеби НЕ Агенцијата за катастар на недвижности, туку ТАА прикрива, како што самата вели: „многу функционери, многу лица од јавниот и општествениот живот кои кријат имоти“?!

- Advertisement -
Ad image

Госпоѓо градоначалник, Агенцијата за катастар на недвижности работи јавно и транспарентно и во интерес на граѓаните. Сервисно ориентирана институција сме и обезбедуваме сигурен и ефикасен пристап до дигиталните податоци. Остануваме доследни на нашите принципи. А, за вашите проблеми и безидејноста не ви е виновна Агенцијата за катастар на недвижности.

Share This Article