More

    Американците ги потврдија руските тврдења, но допрва треба да дадат детали

    spot_img

    Противвоздушниот ракетен систем „Патриот“, што го користи Украина, најверојатно претрпел одредена штета од руски напад, изјавија во вторникот двајца американски претставници, додавајќи дека се чини дека не е уништен, пренесува Ројтерс.

    Еден американски функционер, кој сакаше да остане анонимен и цитирајќи првични информации, рече дека Вашингтон и Киев веќе разговараат за најдобриот начин за поправка на системот и во овој момент се чини дека системот нема да мора да биде отстранет од Украина.

    Официјалниот претставник додаде дека САД ќе имаат подобро разбирање во наредните денови и дека информациите може да се променат како што тече времето.

    Системот „Патриот“ со среден дострел до 90 километри ѝ беше доставен на Украина за да се одбрани од руските воздушни напади. Според Си-Ен-Ен во Украина има уште еден „Патриот“ кој е заедничка донација на Германија и на Холандија.

    Вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека го соборило системот со хиперсонични ракети „Кинжал“ кои ја менуваат трасата. Истовремено, украинските сили се пофалија дека успеале да соборат шест „Кинжали“, односно сите 18 проектили кои биле испукани во интензивниот напад на Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img