Наместо нови регистарски таблички, граѓаните во иднина ќе ставаат налепница со новиот код на државата „НМК“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Наместо нови регистарски таблички, граѓаните во иднина ќе ставаат налепница со новиот код на државата „НМК“ – реши денеска Владата, откако ја разгледа информацијата доставена од Министерството за внатрешни работи.

Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, а од друга страна финансиските издатоци за ова решение се речиси неспоредливи со износот потребен за замена на регистарските таблици со нови регистарски таблици.

„Во оваа насока е предвидено ставање налепници со НМК ознака, на возила коишто имаат таблици со МК ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, кои се поврзани со бројот на регистарската таблица. Поставувањето налепници со ознака НМК на регистарските таблици, според образложението од МВР, ќе биде олеснување и за транспортерите кои патуваат во ЕУ. На овој начин тие имаат можност, на траспортните возила да ги задржат постоечките таблици, со што ќе бидат заштитени од потребата за промени во целокупната документација во државите членки на ЕУ, што ќе се појави како потреба, доколку постоечките регистарски таблици, ги сменат со нови таблици во нашата држава.

МВР е задолжено да изготви правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање“, соопшти Владата.

Share This Article