„Ќе го решиме проблемот со Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема повеќе Заев бидејќи е измамен. Измамен е од ЕУ. Тие му рекоа договори се со Ципрас, реши ги прашањата меѓу Македонија и Грција конечно и тоа тој го направи. Тоа е многу тешка тема во Македонија за тој народ. Ние им ја оспоруваме верата, Албанците територијата, Грците идентитетот, Бугарите сè – и јазикот и сè друго“.
Вака во 1:08:37 говореше српскиот политичар Чедомир Јовановиќ за проблемите на Македонија во поткаст на интернет именуван „Буре Барут“. Според него, ЕУ бара Македонија да биде држава на бугарскиот народ.
Тема на едениполчасовниот поткаст беа политиките на ЕУ кон балканските држави, односно кон „бурето барут“.