Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, објави МИА.
Потресениот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров, потврди за МИА дека се случила ваква трагедија, но не знаеше да каже детали за случајот. Тој изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Се очекуваат детали од МВР и од Обвинителство во текот на денот.