More

    Прифатена поканата да се вклучиме во брзата железница

    spot_img

    Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридор 10. Извори од Владата брифираат дека наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го потпише меморандумот.

    Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант.
    Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница. Покани беа испратени уште до Бугарија, Албанија, Грција и Турција.

    Брзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, со што ќе се прошири мрежата на брзи железници и на тој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img