Белградската полиција запленила околу 50 килограми марихуана и го уапсила Ј.С. (33).
Припадници на МВР во Белград во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград го уапсија Ј.С. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Полицијата пронашла марихуана при преглед на возилото мерцедес управувано од пријавениот, а при последователен претрес во станот на пријавениот е пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на амфетамини, со придружна опрема, како и околу пет килограми маса употребена за зголемување масата наркотици, се вели во соопштението.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.