More

    Почина девојчето кое беше повредено во главата во масакрот во училиштето Владислав Рибникар во Врачар

    spot_img

    Девојчето кое беше повредено во главата во масакрот во училиштето Владислав Рибникар во Врачар им подлегна на повредите, информираат од Универзитетската детска клиника во Тиршова, обзнани Блиц. Девојчето беше оперирано веднаш по пукањето на 3 мај и беше во животозагрозувачка состојба.

    „Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче“, соопшти Министерството за здравство.

    Девојчето е десетта жртва на 13-годишниот напаѓач Коста Кецмановиќ кој со два пиштоли го изврши првиот од двата масакри кои ја завија Србија во црно. Освен свои соученици Коста го убил чуварот на училиштето, а ранил шест соученици и ја ранил наставничката по историја.

    Српските медиуми објавија и дека таткото на Коста К. се обидел да се самоубие во затвор удирајќи си ја главата од ѕид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img