More

    Зеленски го убеди и Макрон да ја помогне големата контраофанзива

    spot_img

    Франција ќе испрати десетици оклопни возила и лесни тенкови во Украина, како и оклопни борбени возила АМХ-10РЦ во следните недели, се наведува во заедничка изјава по средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Париз.

    По тричасовната работната вечера на Макрон со Зеленски, Елисејската палата објави дека Франција ги концентрира напорите за поддршка на капацитетите за воздушна одбрана на Украина.

    Макрон го уверил Зеленски дека Париз ќе продолжи да обезбедува политичка, финансиска, хуманитарна и воена поддршка за Украина.

    Зеленски синоќа пристигна во ненадејна посета на Париз, откако викендов ги посети клучните европски сојузници за да обезбеди воена и финансиска поддршка пред очекуваната голема контраофанзива.

    Откако обезбеди 3 милијарди долари нова воена помош од Германија, Зеленски во Берлин истакна дека Киев и неговите сојузници ќе извојуваат „неповратна“ победа над Русија оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img