More

    Ла Зара покажа среден прст по поразот

    spot_img

    Француската претставничка не го поднела добро резултатот којшто нејзината земја го оствари на Евровизија, а при читањето поени кои ги освоиле реагирала со покажување среден прст.

    Швеѓанката Лорин победи на 67-то издание на музичкиот натпревар во Ливерпул, а со неверојатните вокални, танцови способности и тоа што го покажа на сцена едноставно го заслужи тоа.

    Ла Зара, претставничката на Франција, исто така беше меѓу фаворитите за освојување на овогодишната Евровизија, а таа се претставила со песната „Evidemment“. За својот настап Французинката освоила 104 поени.

    И, пред да го дознае конечниот суд, претставничката на Франција превртела со очите. Кога биле откриени поените доделени на Франција, таа погледната во камерата и покажала среден прст.

     

    Моментот во којшто го покажува овој гест траел само неколку секунди, но сепак корисниците на Твитер успеале да го забележат.

    Пејачката подоцна тврдела сепак дека тоа не било покажување среден прст: „Тоа не е негативен гест, напротив, тоа е само гест на разочарување којшто го користиме меѓу пријателите“.

    „Секако дека сме разочарани, толку многу работевме“, изјавила таа за „BFMTV“, додавајќи: „Истовремено, тоа е голем извор на гордост, затоа што направивме многу добар настап“.

     

    Уште еден детаљ бил забележан и привлекол внимание – пејачката одлучила да не го чека прогласувањето на победникот во салата во Ливерпул, туку била снимена како излегува додека Шведска и Финска ги чекале резултатите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img