Милиони гласачи гласаа на претседателските и парламентарните избори. Пребројувањето на гласовите започна, но дури вечер ќе се знае дали претседателот Реџеп Тајип Ердоган успеал да ја задржи власта.Негов главен противник е кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу. Претседателскиот кандидат мора да освои повеќе од 50 отсто од гласовите за да победи.
„Овие избори ја покажуваат важноста на демократијата. Нашите гласови ќе покажат како сакаме да бидеме управувани“, рече Фунда Алтуган од Анкара.