Украинскиот претседателот Володимир Зеленски денеска рече дека западните сојузници не треба да се грижат дека украинските сили ќе ја нападнат руската територија со моќното оружје што тој бара да го добие од нив.
– Ние не напаѓаме руска територија. Ние ја ослободуваме нашата законска територија – рече Зеленски.
Тој во Берлин е на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Немаме време, сили и вишок оружје за ова. Подготовките за контраофанзивните операции беа фокусирани исклучиво на ослободување на „нашата територија, која ја признава целиот свет – рече тој, пренесува ДПА.
Зеленски побара од Германија да ја поддржи неговата земја со приклучување кон коалицијата за снабдување со модерни борбени авиони.
– Украина работи на „создавање коалиција за борбени авиони. Многу е важно Украина да ги координира нашите напори … Русија во моментов има доминантна моќ во воздушниот простор на Украина – ситуација која треба да се промени – рече Зеленскина на денешната средба во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Шолц не вети ништо, велејќи дека Германија и доставила на Украина многу воено оружје и дека ќе продолжи да го прави тоа. Тој рече дека Берлин „се концентрира“ на тоа на Украина да и обезбеди системи за противвоздушна одбрана.
– Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно. Оваа солидарност е трајна и е силна. Додека руската безмилосна 444-дневна војна за агресија имаше големи геополитички последици, таа првенствено влијаеше на украинскиот народ – рече Шолц на средбата со Зеленски во неговиот кабинет во Берлин.
Тој истакна дека Германија досега обезбедила воена и хуманитарна помош во износ од 17 милијарди евра (18,6 милијарди долари).