More

    Маск го откри името на новата директорка на Твитер

    spot_img

    Илон Маск ја именуваше поранешната главна маркетинг директорка на NBC Universal, Линда Јакарино, за нова извршна директорка на Твитер, во момент кога компанијата се обидува да се избори со падот на приходите од реклами.

    Јакарино ќе ја преземе оспоруваната и оптоварена со долгови социјална платформа откако помина неколку години во модернизирање на маркетингот во NBC Universal во сопственост на Comcast Corp.

    Во Јакарино, Твитер ќе добие директор со длабоки врски со рекламната индустрија и долгогодишно искуство во медиумскиот сектор. Јакарино, чија популарност растеше за време на долгата кариера во NBC Universal, има лични односи со повеќето извршни директори на рекламни холдинг компании, клучна група за Твитер.

    Таа помина 19 години во Turner Entertainment и е заслужна за воведувањето на бизнисот со продажба на реклами на мрежата во дигиталната иднина. Дипломирала на познатиот универзитет Пен Стејт, каде студирала либерални уметности и телекомуникации, пишува порталот NDTV.

    Со години, таа се движеше во највисоките ешалони на светот на рекламирањето, надгледувајќи голем тим кој посредуваше за големи маркетинг партнерства, помогна во развојот на опциите за стриминг на NBC Universal, ги критикуваше застарените индустриски практики и генерираше повеќе од 100 милијарди долари во рекламна продажба. Таа беше силно вклучена во активностите на мрежата на настани како Супер Боул и Олимпијадата. Исто така, нејзиното присуство е важно на блескавите рекламни настани, како што е филмскиот фестивал во Кан на југот на Франција.

    Во последниве години, таа беше на чело на иницијативите за генерирање нов готовински тек преку е-трговија и работеше на редефинирање на тоа како ТВ индустријата ја мери својата публика за огласувачите со надеж дека ќе даде поголем кредибилитет на начинот на кој Медисон авенија плаќа за луѓето да ги гледаат нивните омилени серии преку стриминг видео.

    На крајот на 2022 година, Маск објави дека планира да се повлече од челната позиција на Твитер, но само кога ќе најде и назначи наследник.

    Тој стана извршен директор на мрежата откако ја купи таа интернет платформа во октомври 2022 година за околу 44 милијарди евра, но веднаш стави до знаење дека тоа не е трајно решение.

    Милијардерот Маск е сопственик на компанијата за електрични возила Tesla и SpaceX за производство на вселенски летала.

    Периодот што го помина како извршен директор на Твитер беше обележан со хаос и контроверзии, јави ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img