Познат фудбалер: „Да сум на местото Меси, би одел дома и би пиел пиво“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Карлос Тевез, легендарниот фудбалер и поранешен соиграч на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација, упати низа критики кон ПСЖ поради начинот на кој се однесувале кон поранешната ѕвезда на Барселона.

Меси првично беше суспендиран од ПСЖ поради заминувањето во Саудиска Арабија, иако тврдеше дека тоа го направил на слободен ден, но по неколкудневен хаос, таа суспензија беше укината и Аргентинецот беше вратен во натпреварувањето.

Ова го принуди Тевез да даде прилично бурен коментар за поддршка на својот поранешен соиграч од редовите на „гаучосите“:

„ПСЖ не смее така да се однесува со играчите. Играв против нив кога бев во Манчестер Јунајтед, тогаш тие беа на средината на табелата. Мислам дека Меси на сите ни одржа фудбалска лекција со своето извинување“, изјави Тевез, кој потоа додаде.

„Ако ме прашате како светски шампион да ви се извинам затоа што патував некаде на слободен ден, би отишол во Росарио и би останал таму. Ќе пиев пиво и ќе чекав да ми се извините. Меси го става клубот над се друго. И мислам дека затоа треба да му се поклониме“.

Според Тевез, тоа не е взаемно:

„На крајот доволно кажува за клубот дека не им е грижа. Не им беше грижа за Меси од моментот кога тој дојде во клубот. Така е“, изјави Тевез.

Share This Article