Тело на 20-годишна девојка пронајдено е денеска во стан на улицата Мадридска во главниот град на Србија, Белград.
Како што објавија српските медиуми, констатирано е дека девојката прво била силувана, а потоа убиена.
Телото на убиената девојка го пронашла нејзината сестра.
Полицијата и екипите на Брзата помош во моментов се наоѓаат на местото на злосторството.