Хрватската полиција добила дојава со закана за убиство на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и членови на владата, неофицијално пренесува порталот Индекс.
Пред зградата на Владата во моментов се поставени голем број на припадници на интервентната полиција.
Индекс објави фотографии на вооружени полицајци со автомати пред владиниот објект. Се наведеува дека во тек е постапување по протокол по примената дојава.