Прашањето е затворено и Бугарите ќе мора да плаќаат гас во рубљи, сакале тие или не. Ова го рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако Русија најави промена на наплатата за испорака на гас од евра во рубљи.
– Бугарија презеде непријателски чекори против нас, па тие ќе мора да платат во рубљи, сакале или не – изјави Песков.
Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека одлуката на Москва ќе создаде многу проблеми.
Тој објасни дека Бугарија, земјата преку која се испорачува гас за Србија и Унгарија, изјавила дека не сака да се префрли на рубљи во плаќањата за гас.
Песков се осврна на загриженоста на Србија, истакнувајќи дека земјата се воздржувала од какви било непријателски дејствија или коментари против Русија во врска со Украина.
– Ова не важи за Србија. Проблемот останува да се реши и, нормално, грижата на Србија ќе биде наш главен приоритет. Тоа е апсолутно нормално, Вучиќ е во право, ова навистина може да биде проблематична ситуација, бидејќи во овој случај Бугарија презеде непријателски чекори против нас, па тие ќе мора да платат во рубљи, сакале или не – изјави Песков.