Велика Британија во четвртокот стана првата земја што испрати крстаречки ракети со долг дострел во Украина, дозволувајќи им на украинските сили да ги таргетираат руските војници и линиите за снабдување длабоко зад линиите на фронтот.
Украина бара такви ракети со месеци, но помошта од Британија, САД и другите сојузници е ограничена на оружје со помал дострел.
Министерот за одбрана Бен Валас изјави во парламентот дека ракетите „Олуја сенка“ ќе ѝ бидат доставени на Украина за да се користат на украинска територија, што имплицира дека добил гаранции од Киев дека тие нема да се користат за напади врз цели во Русија.
Кремљ претходно предупреди дека доколку Британија ги испорача овие ракети, ќе бара „соодветен одговор од нашата војска“.
После САД, Британија испрати најмногу воена опрема во Украина, вредна 2,9 милијарди фунти.