Мицкоски тврди дека инфлацијата не ни е увезена, туку е резултат на неспособноста на Владата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Инфлацијата не е увезена, како што нѐ убедуваше Владата, туку станува збор за епска неспособност на криминалната влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, на сметка на граѓаните.

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, анализирајќи го последниот Извештај на Заводот за статистика.

„Јасно е и од последниот Извештај на Заводот за статистика дека инфлацијата е повеќе од европскиот просек, би рекол повеќе од двојно од европскиот просек. Мислам дека за април веќе е повеќе од 13%, а просекот во првите четири месеци е 15%, додека лебот и за храната повеќе од 25% – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

Мицкоски додаде дека од власта не ја чувствуваат инфлацијата, бидејќи на дневна основа преку тендери во четири очи и наместени јавни повици го крадат народот.

„Но, за жал, огромно мнозинство на наши сограѓани тоа го чувствуваат и можам да кажам дека бројката на деца кои што ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија од ден на ден станува сѐ поголема. Повеќе од 50.000 деца ја чувствуваат оваа прехранбена сиромаштија “, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека кога говори дека се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи колку подолго оваа Влада е на власт толку повеќе Македонија ќе губи.

„Тие еден ден ќе бидат жестоко поразени и нема да бидат повеќе таму и ќе има одговорност. Но, штетата која што прават на дневна основа е навистина преголема и ќе ни треба многу напор и многу време за да ја санираме. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори што поскоро, за да може да народот избере политичари кои што имаат визија, имаат план и знаат како да ја развиваат Македонија“, нагласи Мицкоски.

Share This Article