Две лица загинаа во пукање во фабриката на Мерцедес-Бенц во југозападна Германија. Приведен е 53-годишен осомничен.
– Утрово одекнаа истрели во просториите на фабриката во Синделфинген, изјави портпаролот на обвинителот од Штутгарт. Приведен е 53-годишен осомничен, но мотивот за пукањето не е познат.
Инспекторите се сомневаат дека само еден вооружен маж бил вмешан во престрелката. Тие првично известија дека едно лице починало, а едно е тешко повредено, но подоцна потврдија два смртни случаи.
Mercedes-Benz го произведува својот луксузен седан од класата S во фабрика во Синделфинген, на околу 17 километри југозападно од Штутгарт.Според компанијата, на локацијата работат околу 35.000 луѓе.