Она што се случува во Судскиот совет за жал се случува секој ден во државата и во другите институции, а тоа го прави Владата на СДСМ и ДУИ со цел да опстане на власт ден повеќе – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во емисија на радио „Лидер”.
– И во Судски Совет за жал гледаме од она што ни се случува секој ден, а тоа е пазарење и тоа коалиционо пазарење за да останат на власт. И, за жал, претседателката Весна Дамева најверојатно си ја одигра улогата со последниот предлог за уставен судија, којшто, нели, стигна во Собрание. Тоа се луѓе за една употреба. Видовме скандал од тројца предлози за уставни судии, оној кој што таа го избра го стави на гласање, а за останатите двајца не се ни гласаше. А, тоа се случуваше пред месец и половина – потсети Лефков.
Тој додаде дека сите што соработуваат со власта за да одработат во еден момент ќе завршат на тој начин како што заврши и Весна Дамева.