More

    Остри обвинувања на Македонски концепт на Петар Богојески

    spot_img

    „Новите уцени на албанските етнички шовинисти за дополнителни промени на македонскиот Устав, имаат за цел да го отежнат и спречат самиот процес на донесување нов Устав и да спречат интеграција на Македонија во ЕУ“, соопшти партијата Македонски концепт.

    „Тоа е спротивно на македонските национални интереси за влез на земјава во ЕУ, тоа е барање за селективно укинување на одредби од Охридскиот договор и целосно спротивно на интересите на САД и на НАТО во Европа, што е доказ за синхронизирано дејствување помеѓу руската пропаганда и албанскиот етнички шовинизам“, тврди Македонски концепт.

    Самиот обид на Талат Џафери да спречи распишување референдум за нов граѓански Устав е токму во истата насока, спречување на трајно решение на македонско-бугарското прашање и спречување на ЕУ проширување на Балканот, смета партијата на Петар Богојески.

    Македонски концепт ќе започне кривична постапка против лицето Талат Џафери, поради ширење на етнички шовинизам, говор на омраза, дејствување спротивно на Устав и закони и злоупотреба на службена положба и овластување.

    „Уште еднаш ја реафирмираме нашата заложба за донесување на нов граѓански Устав, како единствено и наједноставно решение за наша брза интеграција во ЕУ“, се вели во соопштението на Македонски концепт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img